Европската Унија започна преговори во Брисел со претставници на Србија и на Косово, со цел решавање на кризата во регионот, напиша на Твитер специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

– Утрово имав две одделни средби со главните преговарачи на Косово и на Србија за да ги разгледаме начините за решавање на тековната криза. Разговорите ќе траат во текот на целиот ден, напиша Лајчак.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2021 16:02