Франција ќе и продаде 52 артилериски топови „Цезар“ на Чешка, во договорот вреден 257 милиони евра, изјави денеска официјален претставник на француското Министерство за вооружени сили.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера кажа дека Европа мора да престане да биде наивна кога станува збор за одбраната на своите интереси и мора да ги изгради сопствените воени капацитети, откако го склучи договорот за продажба на француски фрегати за Грција во вредност од три милијарди евра и потпишувањето на договорот за соработка.

Претходно овој месец, Франција беше во фокусот на спорот со САД, Австралија и Обединетото Кралство околу трилатералниот договор за нуклеарна безбедност, што доведе до раскинување на десетици милијарди долари тешкиот договор со Канбера за изградба на десетици подморници.

-Овој договор за топовите следи по период на приближување со Чешка, што е одбележан со стратешко ниво, но и визија што е поблиску до тоа каква треба да биде европската одбранбена политика и какви резултати треба да ни донесе, изјави официјалниот претставник пред новинарите пред утрешната посета на министерката за одбрана Флоренс Парли на Прага за потпишување на договорот.

Поголемиот дел од оружјето ќе се склопи во Чешка.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2021 02:08