Германската канцеларка Ангела Меркел денеска му честиташе на кандидатот за канцелар на СПД, Олаф Шолц, за победата на последните парламентарни избори во Германија.

Додека кандидатот за канцелар на нејзината ЦДУ, Армин Лашет, по поразот на изборите укажа на тесната победа на СПД и се изјасни за водење преговори за формирање влада предводена од унионистите, Меркел уште во понеделникот му ја честитала победата на Шолц, соопшти денеска Владата.

Претходно и лидерот на сестринската ЦСУ Марк Шедер му ја честиташе победата на Полц и порача дека СПД има предност да се обиде да формира влада



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2021 02:08