Ракометарите на битолски Еурофарм Пелистер од вториот квалитативен шешир ќе ја очекуваат утрешната жрепката за групната фаза од новата сезона во Лига Европа.

Македонскиот претставник се најде во вториот шешир заедно со Савехоф, Винтертур и Чеховски Медведи и тоа се единствените екипи против кои не може да се сретне во групната фаза.

Жрепката за извлекувањето на групите е в четврток, а првото коло е на програмата на 19 октомври.

Шешир 1:

Магдебург (Германија), Нант (Франција), Бидасоа Ирун (Шпанија), Татабања (Унгарија)

Шешир 2:

Савехоф (Шведска), Еурофарм Пелистер (Македонија), Винтертур (Швајцарија), Чеховски медведи (Русија)

Шешир 3:

Горење (Словенија), АЕК Атина (Грција), Татран Прешов (Словачка), Кокс (Финска).

Шешир 4:

Фуксе Берлин (Германија), Екс Прованс (Франција), Лемго (Германија), Спортинг (Португалија)

Шешир 5:

Ним (Франција), Висла Плок (Полска), ГОГ Гудме (Данска), Бенфика (Португалија)

Шешир 6: Нексе Нашице (Хрватска), Натурхаус Ла Риоха (Шпанија), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Тулуз (Франција)



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2021 02:08