Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ неодамна најави дека ќе отпатува во САД на Мастерс 1000 турнирот во Индијан Велс, но, како што наведуваат денеска повеќе српски медиуми, освојувачот на 20 грен-слем титули, во меѓувреме, го променил ставот и многу веројатно ќе го откаже учеството.

Ѓоковиќ во моментов се наоѓа во родниот Белград и од засега непознати причини не е во тренажен процес.

Негов приоритет, сепак, останува да го задржи водечкото место на АТП листата на кое сериозно му се заканува Русинот Данил Медведев.

Ѓоковиќ во кариерата шест пати завршуваше календарска година како најдобар светски тенисер и тој рекорд засега го дели со легендарниот Американец Пит Сампрас. Доколку успее да ги одбие нападите на рускиот тенисер и остане на врвот на АТП листата на крајот од 2021, Ѓоковиќ ќе ја заокружи седмата календарска година на врвот и ќе биде единствен во светот со таков ефект.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2021 03:42