Поранешниот прв светски рекет Енди Мареј верува дека е способен да ги победи најдобрите тенисери во светот.

– УС Опен беше некаков почеток каде што почнав да играм подобро. Следно е да почнам да ги победувам играчите со највисок рејтинг. Имав прилики да победувам на натпревари со врвни играчи. Мислам дека сум во состојба да се носам и со најдобрите. Треба само да ги искористам шансите на таквите средби, го цитира Мареј „Тенис Хед“.

Претходно, двократниот олимписки шампион Мареј се повлече од турнирот во поединечна конкуренција на Олимписките игри во Токио поради повреда на бутниот мускул.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2021 11:55