Музичарите Доктор Дре, Снуп Дог, Еминем, Мери Џеј Блајџ и Кендрик Ламар ќе бидат во центарот на вниманието на полувремето на идниот, 56. „Супербол“. Тоа ќе биде првпат пет уметници да настапат заедно на сцената, се вели во соопштението на организаторите.

– Можноста да настапам на „Суперболот“ на полувреме, и тоа „во мојот двор“, ќе биде едно од најголемите возбудувања во мојата кариера, Благодарен сум им на Џеј-Зи, „Рок нејшн“, НФЛ и „Пепси“, како и на Снуп Дог, Еминем, Мери Џеј Блајџ и Кендрик Ламар што ми се придружија во она што ќе биде незаборавен културен миг, изјави Д-р Дре.

Финалето во американско рагби е закажано за 13 февруари 2022, недела, на стадионот „Софи“ во Инглвуд, Калифорнија, САД.

Тод Каплан, потпретседател за маркетинг во „Пепси“ (како спонзор), истакна дека тоа би било „епска, незаборавна прослава на влијанието што денес го има хип-хопот“, олицетворен во ѕвездите од Западниот Брег.

Д-р Дре во оваа прилика повторно го промовираше своето ново средно училиште во јужен Лос Анџелес, што треба да се отвори следната есен. Според соопштението, „Пепси“ и НФЛ „ќе соработуваат со училиштето, неговите партнери и локалната заедница“.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2021 11:38