Вил Смит и неговата сопруга Џејда Пинкет Смит потрошија 11,3 милиони долари (9,7 милиони евра) за да купат вила од речиси 1.000 квадратни метри во Хајден Хилс, Калифорнија, САД.

Со прекрасен поглед кон долината Сан Фернандо, имотот вклучува и огромен базен, спа-бања и игралиште за тенис и кошарка. Куќата пак, се состои од шест спални соби и девет бањи, а има и кино со кадифени облоги на ѕидовите – за подобра акустика. Во главната дневна просторија е поставен раскошен камин…

Купувањето се случува пет месеци по пожарот во нивната вила во местото Калабасас. Тој имот од 42 милиони долари во Калифорнија сега треба да се реновира, пишува „Њујорк пост“. Двојката поседува уште најмалку осум други имоти ширум САД.

Вил Смит, инаку, пред извесно време призна дека има вонбрачни врски, целосно прифатени од неговата сопруга, со која имал „отворен брак“. Се дозна претходно и за нејзината авантура („во мигови на слабост“), со помладо момче.

Хајден Хилс се наоѓа на околу 40 километри од Лос Анџелес и претставува дом – „рај“ за многу познати личности, како што се Дрејк, Лил Вејн и Кајли Џенер.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2021 14:00