Вечер пред синоќешниот концерт на Ролинг Стоунс во Шарлот, Северна Каролина, фронтменот Мик Џегер излегол на пиво во бар без да биде забележан од гостите и сопствениците.

Рок легендата Џегер (78) го сподели својот поход по ноќниот живот на Шарлот во твит објавен синоќа.

„Излегов да прошетам во Шарлот, СК“, твитна Џегер, заедно со негова фотографија пред влезот на барот „Жеден дабар“ во Шарлот.

Облечен во фармерки и црно палто и само со бејзбол капа на главата, тој не бил забележан ни од гостите и ни од сопственикот на барот, кој подоцна изјави дека било „прилично јако една од најголемите ѕвезди на светот да намине во вашето место“.

Подоцна во емисија за локалната телевизија, Џегер откри дека прошетал по градот и пробал локален јужњачки специјалитет со кашкавал, што не му се допаднал.

Ролинг Стоунс настапуваат во САД на турнејата „Без филтер“, и по синоќешниот концерт во Шарлот тие настапуваат во уште 11 места низ земјата, претежно во јужниот дел на САД и во Калифорнија.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2021 10:57