Во последно време, сè повеќе се појавуваат некои нови поими, вклучително и сексуални, или некои ќе кажат дека тоа се етикети за нашите однесувања, вклучително и сексуалноста. Додека некои ќе бидат згрозени од моќта на фетиши и поимите за сексуална привлечност на други луѓе, други ќе се најдат меѓу овие или некои други термини (но, не ги наведовме сите).
Колку пати ви се случило и не сте знаеле точно за која сексуална ориентација зборувале вашите соговорници (ако сте опкружени со многу отворени луѓе)? Се надеваме дека ќе ви помогнеме со овој краток список на поими, но и ќе ве научиме на нешто.
Алосексуалец - Личност која не се смета за асексуална, односно чувствува нормална сексуална привлечност
Андрогиноромантик - личност која се чувствува привлечена кон андрогините лица (може да се однесува и на биолошки интерполови личности, комбинација на машки и женски карактеристики..)
Асексуалец - Личност која има недостаток на сексуална привлечност кон другите
Демисексуалец - Личност која чувствува сексуална привлечност само кон оние со кои тој или таа создава силна емотивна врска
Сив асексуален / сив ас - Лице кое се чувствува сексуално привлечно под одредени околности, но нема желба да стори ништо за тоа
Литромантик - Личност која чувствува романтична привлечност кон другите, но не треба да биде возвратена таа привлечност
Меносексуалци - Луѓе кои се сексуално привлечени кон лицата кои имаат менструација
Пансексуалец - личност привлечена од сите родови
Полимарозно - лице кое има повеќе од една личност за секс во исто време и не треба да биде во ексклузивна врска со ниту еден
Сапиосексуалец - Личност сексуално привлечена од интелигентни луѓе