Бахреинската атлетичарка Калкидан Гезахење постави нов светски рекорд во уличната трка на 10 километри, триумфирајќи денеска на патеката во Женева со време од 29;38 минути.

Нејзиното време е за пет секунди побрзо од рекордот што во 2017 година го постави денешната победничка на маратонот во Лондон, Кенијката Џојслин Џепскогеи (29:43).

Триесетгодишната Гезахење на Олимписките игри ова лето во Токио го освои сребрениот медал на 10.000 метри зад Белгијката Сифан Хасан.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2021 17:16