Осум лица, меѓу кои и едно дете, загинаа денеска во авионска несреќа, кога околу 13 часот мал, лесен, авион од типот „Пилатус ПЦ12“ удри во деловна зграда во Милано, која во моментот на несреќата била празна заради реновирање, јави „Дејли Мејл“.

ДПА јавува дека туристичкиот авион полетал од миланскиот аеродром „Линате“ и се урнал само неколку километри подоцна на пат кон Олбија, на Сардинија.

Сите жртви се од авионот, а станува збор за пилот, копилот и шестмина патници.

Според неофицијални информации на италијанските медиуми, пилотот бил романски државјанин, додека патниците биле од Франција.

На местото на несреќата избувнал пожар.

Итните служби пристигнале брзо, но ниту една од жртвите не била спасена.

Причината за несреќата засега е непозната.

Сведоци на настанот јавуваат дека еден од моторите на авионот се запалил, а авионот потоа се урнал.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2021 17:18