Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ синоќа го прослави својот 40. роденден, во еден хотел во Милано, а специјалното изненадување беше една од најпопуларните фолк-пејачки на Балканот – Нада Топчагиќ.

Пејачката беше задолжена да ги забавува гостите, а меѓу другите ја изведе и нејзината песна „Јутро је“, која го придружува Ибрахимовиќ во неговата кариера. Златан оваа песна ја пее во соблекувалната во речиси секој клуб каде што играл, за што сведочат бројни видеа.

На социјалните мрежи се појавија серија снимки од роденденот, а на нив може да се видат и бројни славни фудбалери на прославата. Меѓу гостите e и фудбалерот на Манчестер jунајтед, Пол Погба, фотографиран со Топчагиќ, Марко Верати и други.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2021 11:55