Шампионката на Грен слемот УС Опен, Ема Радукану, за време на турнирот во Индијан Велс, ќе тренира со Британецот, Џереми Бејтс, тренерот Кети Болтер и ко-директор на женската тениска програма во ЛТА.

Претходно, Радукану се раздели со тренерот Ендрју Ричардсон, со кого победи на УС Опен. Таа рече дека и треба тренер со големо искуство: „Сега ми треба само личност која помина низ ова и може да ме води на овој пат, бидејќи за мене сето ова е се уште ново“.

Бејтс е поранешниот 54. рекет на светот, финалист на Отвореното првенство на Австралија во 1988 година во двојки и двократен Грен слем шампион во мешани двојки.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2021 13:02