Сончогледот е едногодишна билка која може да достигне висина и до четири метри. Листовите се крупни, поединечни, со долги дршки и се налик на срце. На стеблото обично се развиваат 20-25 листови. На врвот од стеблото се развиваат цветовите.

Направените истражувања покажуваат дека семките на сончогледот го спречуваат зголемувањето на холестеролот во крвта. За време на бременоста го обезбедува организмот со незаситени масни киселини, кои се исклучително важни за развојот на плодот. Ја подобрува работата на штитните жлезди и нормалната функција на кожата, црниот дроб и бубрезите. Големо значење има и витаминот Е кој се наоѓа во маслото на сончогледот, а помага и во заштитата од создавање на згрутчувања во крвните садови. Исто така, семките на сончогледот имаат и антиоксидационо дејство.

Вкусните семки од сончоглед многу често само ги грицкаме за занимација, но тие се одличен извор на калории, есенцијални масни киселини, витамини и минерали.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2021 01:54