Се чувствувате уморно? Дури и по добриот ноќен сон се будите уморни и не ви е јасно зошто постојано чувствувате замор.

Според магазинот „Хелт“ ова се пет причини поради кои постојано чувствувате замор и немате енергија.

Не вежбате доволно

Тоа што не вежбате доволно или избегнувате да вежбате буквално „ви се одбива од глава“. Доволни се само 20-тина минути вежбање дневно за да се чувствувате подобро.

Не пиете доволно вода

И најмалото ниво на дехидрација, може многу да го намали вашето ниво на енергија и да чувствувате замор.

Не појадувате

Храната е како гориво. Додека спиете организмот го троши „горивото“ затоа кога ќе се разбудите наутро морате повторно да го наполните резервоарот.

Пиете алкохол пред спиење

Ако се напиете една чаша алкохол тоа ќе ве направи поспани, но ако се опиете, вашиот организам ќе се разбуди среде ноќ. (Ако не за друго, тогаш за вода!)

Лап топ и мобилен во кревет

Ако ја проверувате поштата на уредите пред спиење, светлината од вашиот смартфон, таблет или лап топ може да го попречи природниот тек на спиење на вашето тело.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2021 05:54