Ако имате бебе и се плашите дека е премногу мало да се вози во авион, опуштете се! Експертите велат дека доколку бебето е здраво и вие сте закрепнале од породувањето, вашето бебе може да лета и две недели по раѓањето, под услов летот да трае од еден до два часа.

Предвреме родените деца и оние кои имаат проблеми со дишните патишта ќе мораат да почекаат за првото авионско искуство. Важно е, велат лекарите, мајките да бидат предупредени за евентуалните ризици, бидејќи настинката и грипот лесно се пренесуваат во затворена кабина, а вирусите се многу поопасни за бебе од две недели, отколку за оние кои наполниле шест месеци.

Доколку цица, подложноста на инфекции е намалена, бидејќи преку млекото бебето се снабдува со антитела. Бебињата воглавно се непредвидливи првите недели, па мајките мораат да сметаат и на неиздржливиот плач за време на летањето, кој може да биде безопасен, но и многу иритирачки за останатите патници. Се на се, експертите велат дека авионот не е опасен за здравото новороденче, но можеби е најдобро летот да се одложи до шестмесечна возраст, освен ако е неопходен.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2021 05:54