Кај луѓето во поодмината возраст често се случува да размислуваат на негативен начин. Тоа, пак, може да доведе до намалување на умствените способности и поголема опасност од деменција и од Алцхајмерова болест, покажува ново истражување на британски научници.

Според новата теза на Колеџ универзитетот во Лондон, негативното размислување за минатото и големата загриженост за иднината може да бидат еден фактор повеќе во прилог на опасноста од деменција.

Научниците истакнуваат дека депресивните и анксиозните луѓе се поподложни на намалување на умствените способности од оние кои гледаат попозитивно на животот. Но, измереното ниво на протеинот амилоид, којшто е предизвикувач на Алцхајмеровата болест, не било повисоко кај лицата кои стадаат од депресија и анксиозност.

Како што објаснува д-р Натали Мерчант, тоа води до претпоставката дека токму честите негативни мисли се главна причина за депресија и анксиозност, а натаму и за Алцхајмерова болест или деменција.

Истражувачите велат дека за сѐ ова се потребни уште повеќе испитувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2021 05:55