По страственото водење љубов, постојат многу сенсзуални начини преку кои може да се продолжи уживањето. Еве неколку од нив:
Зборувајте му
Мажите сакаат да слушаат за нивните успеси посебно од ваша уста. Пофалете го. Кажете му што најмногу ви се допаднало. Вашиот комплимент сигурно ќе му годи и ќе го држи буден и задоволен уште долго време.
Поделете ги тушот и кадата
Предложете туширање или купка. Било која ситуација во која ќе бидете голи, мокри и блиски ќе биде добитна комбинација. Меѓусебно масирање, триење, галење и топла вода, ја продолжуваат посторгазмичката енергија.
Измасирајте го
Крајот на сексуалниот однос не значи дека треба да престанете со допирите и галењето. Масажата е одличен начин за продолжување на физичкиот контакт и возбудата.
Допирајте се
Ако по првата рунда не сте задоволни, а тој е исцрпен-мастурбирајте. Преземете ги работите во свои раце, а нему оставете ја можноста да ви се придружи ако посака.
Доближете се еден до друг
И покрај мислењето дека мажите не сакаат галење по секс и тие сакаат да ја почувствуваат вашата близина, затоа без здрав вгнездете се кај него.