Ангина пекторис или само ангина, е градна болка предизвикана од исхемија (недостаток на крв, а со тоа недоволен доток на кислород и недоволно исфрлање на штетни материи) на срцевиот мускул, најчесто заради затнување или спазам на коронарните артерии (срцевите крвни садови). Главниот причинител на ангината, коронарната артериска болест, се должи на атеросклероза на срцевите артерии. Терминот потекнува од латинскиот збор angina (инфекција на грлото), чие потекло е од грчкиот ankhonē (гушење), и од латинскиот збор pectus (гради). Според ова, може да се преведе како „чувство на стегање во градите“.

Постои мала поврзаност помеѓу интензитетот на болката и степенот на недостаток на кислород во срцевиот мускул (т.е. може да има остра болка со мал или без ризик од срцев удар, а срцев удар може да настане и без болка).

Симптоми на нестабилна ангина претставуваат напади кои сè повеќе се влошуваат, ненадејни напади при мирување и напади кои траат повеќе од 15 минути (обично се проследени со слични симптоми како кај акутен коронарен синдром). Ваквиот напад може да доведе до миокардичен инфаркт (срцев напад) затоа се третира како таков и бара итна медицинска интервенција.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2021 05:58