Хеви-металецот Мерилин Менсон ја продава својата вила во Холивуд Хилс, во Лос Анџелес, за 1,75 милиона долари. Уредена е, патем, во шпански стил и има три спални соби и три бањи.

Вилата има 2.711 квадратни метри, а Менсон ја купи во 2013 година за нешто повеќе од милион долари. Две од спалните имаат сопствена бања и гардеробер, а третата има посебен влез и е за гости. Реновираната кујна води до тераса, а куќата сега има и вежбалница.

Пространи градини го опкружуваат зданието. Гаражата, исто така, е реновирана и има канцелариски простор.

Гласините говорат дека Менсон ја продава вилата бидејќи се соочува со тужби за сексуални злоупотреби и физички напади, меѓу другите, и од поранешната девојка Ешли Морган Смитлајн и глумицата Есме Бјанко.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2021 14:59