Трошоците за организација на Олимписките игри 2032 година во Бризбејн веројатно ќе ја надминат проценката од пет милијарди австралиски долари (3.72 американски долари), соопшти денеска министерот за спорт Ричард Колбек.

Сојузната Влада вети дека ќе покрие третина од трошоците за третите Летни олимписки игри што ќе се одржат во Австралија, а најголем дел од трошоците ќе бидат за обнова на крикет-стадионот „Габа“, што ќе чини милијарда долари.

На овој стадионот ќе бидат одржани церемониите на отворање и затворање на игрите, како и натпреварувањата во атлетика.

– Тоа веројатно ќе биде нешто повеќе од пет милијарди долари со оглед на патната инфраструктура и инфраструктурата на Игрите, изјави Колбек за радиото „4BC“.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2021 18:59