Одржувањето на вашиот ум бистар и сосредоточен се од витално значење за секој од нас. Мозокот сака предизвици. Според „Квизклаб“, овие седум совети може да му помогнат на Вашиот умот да ги одржи и прошири своите способности.

Забавувајте се со сложувалки!

Главната придобивка од сложувалка е вежбањето на левата и десната страна на мозокот одеднаш. Тоа е умствена вежба којашто ги подобрува вештините за решавање проблеми. Уште повеќе, ги зајакнува врските меѓу мозочните клетки и на тој начин го подобрува краткорочното паметење.

Сосредоточете се на една задача, па на друга

Поставувањето повеќе задачи одеднаш – не е добро учење. Го намалува вниманието, концентрацијата и краткотрајното помнење. На крајот на краиштата, неопходно е да бидете таму каде што сте во мигот, за да се постигнат најдобри резултати. Повеќето обврски во истовреме, ги спречува луѓето во успех. Сосредоточувањето обврските една по една ја обновува бистрината и вниманието.

Научете нови вештини

Учењето нови вештини помага да се зајакнат врските во мозокот. Тоа може да бидат различни работи, како што се танцување, нов странски јазик… Така, не губете време и – напред!

Вежбајте редовно!

Физичката активност ги стимулира хемиските промени во мозокот коишто го подобруваат учењето, расположението, размислувањето и интелигенцијата. Никој не знае точно која вежба е најдобра, па така, може да изберете каква вежба сакате. Не заборавајте дека и активностите во домаќинството се корисни – интензивното бришење под, собирање лисја во дворот или што било, што ќе Ве испоти малку.

Одморете се добро!

Ако работите напорно, мора да научите да се опуштите и „да ги наполните батериите“. Ако не – ќе страдате од исцрпеност. Таквата состојба може да предизвика сериозни проблеми со физичкото и психичкото здравје. Вистинско опуштање значи смирување и вистинско уживање во времето без каква било „продуктивност“, барем некое време…

Обидете се и со медитација

Медитацијата ја зголемува интелигенцијата на многу начини. Докажано е дека тоа ги синхронизира двете мозочни хемисфери. Кога логичниот лев дел од мозокот и креативниот десен дел работат во хармонија, решавањето проблеми станува лесно, креативноста се множи, длабокото размислување станува вообичаеност, а сосредоточеноста се зголемува.

Запишете ги вашите мисли!

Пишувањето е активност за зајакнување на мозокот која „Ве принудува“ да ангажирате повеќе различни делови од умот. Вашата редовна активност за пишување може да има речиси секаков облик – започнете „да ги овековекувате“ Вашите спомени или – создадете збирка поезија. Секојдневното пишување му помага на мозокот да остане зафатен.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2021 02:14