Ракометарките на ЖРК Вардар ќе играат против Јуро Унирек од Холандија во рамки на третото коло од Европскиот Куп на ЕХФ, одлучи денешната жрепка во Виена.
Првиот натпревар е закажан за 13 ноември, а реваншот е по една недела.
Двете екипи во претходно коло беа поуспешни од противници од Косово.
Холандскиот состав ја елиминираше екипата на Феризај, додека Вардар на своето враќање на европската сцена по пауза од три години рутински го доби дуелот против Приштина.
ЖРК Вардар зад себе има пет последователни настапи на фајналфор турнирите во Лигата на шампиони, од 2014 до 2018, настапувајќи два пати во финалето во кое во двата наврати беше поразен по продолженија од унгарски Ѓер