Вереникот на Бритни Спирс, Сем Асгари доби улога во акционен филм со Мел Гибсон во главната улога. Новопечениот глумец, инаку личен тренер, и досега имаше неколку мали улоги, како онаа во серијата „Црниот понеделник“ (Black monday).
Асгари (27) ќе треба да глуми наредник на тим воени специјалци, во претстојниот трилер-акција на Рандал Емет наречен „Hot Seat“ (Жешко столче), што ќе се снима во Лос Анџелес. Информацијата ја потврди и гласноговорникот на Асгари, Брендон Коен, а самиот Асгари минатиот месец навести дека ќе биде вклучен во продукцијата на филмот.
Имено, тој на својот интернет-простор сподели видео од себеси како тренира со натпис: „Се подготвувам за акција“.
Филмот ја следи приказната за поранешен хакер (Гибсон) кој се обидува да ограби банка откако неговиот живот е загрозен.