Џенаро Гатузо одби да ја води Џенова, објави новинарот Николо Шира. Според него, новите сопственици на клубот, „777Partners“ му понудиле на 43-годишниот Италијанец да ја преземе функцијата главен тренер, но специјалистот не ја прифатил понудата.

Во моментов Гатузо е без клуб. Негов последен клуб беше Фиорентина, но „виолетовите“ не одиграа ниту еден натпревар под негово водство, бидејќи Гатузо го напушти тимот пред почетокот на сезоната поради конфликт со управата.

Низ својата тренерска кариера, Гатузо има работено и во Наполи, Милан, Пиза, ОФИ, Палермо и Сион.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2021 14:13