Манекенката Ајрланд Болдвин соопшти дека добива заканувачки пораки на интернет, откако нејзиниот татко, познатиот американски глумец Алек Болдвин беше вмешан во случајното убиство на снимањето на каубојскиот филм „’Рѓа“.
Таа му се заблагодари на еден обожавател кој го сподели неговиот позитивен став кон 63-годишниот актер, меѓу непријателските мејлови СМС-и и повици по смртта на снимателката Халина Хачинс.
„Меѓу некои од најодвратните заканувачки коментари, е-пошта, текстуални и говорни пораки што ги добив деновиве… Овој прекрасен коментар се издвојува“, напиша Ајрланд, потоа додавајќи: „Го знам татко ми, но вие не го знаете. Те сакам тато!”