Автобиографското дело „Секогаш на победа“ на најдобриот македонски ракометар на сите времиња и актуелен селектор на националниот тим Кирил Лазаров ќе биде промовирано идната недела во Скопје.
Најдобриот стрелец ов историјата на Лигата на шампиони и светски рекордер според многу параметри, својата ракометна приказна од родното Свети Николе до француски Нант каде идната година официјално ќе стави крај на својата импозантна кариера, ја пренесе на хартија во соработка со српскиот новинар Жика Богдановиќ, кој е основач на реномираниот регионален ракометен портал Balkan – handball.
– Се надевам дека луѓето во Македонија, а наскоро и во целиот регион, ќе ја прочитаат оваа книга во еден здив, објави Лазаров на социјалните мрежи, најавувајќи ја промоцијата на македонското издание на „Секогаш на победа“.
Автобиографијата на Лазаров, според најавите, во ноември треба да го има и своето издание на српски јазик