Фејсбук, Јутјуб, Снеп и Твитер загубија 10 милијарди долари поради промената на огласување за Ајфон моделите.
Одлуката на Епл да ги промени поставките за приватност во моделите на Ајфон доведе до бришење на околу 9,85 милијарди долари приход во втората половина од оваа година за Снеп, Фејсбук, Твитер и Јутјуб, бидејќи нивните рекламни активности беа погодени од новите правила.
Епл ја претстави својата политика за транспарентност за следење апликации во април, што ги принуди нивните креатори да бараат дозвола пред да почнат да го следат однесувањето на корисниците за да им сервираат персонализирани реклами.
Повеќето корисници не одобрија, оставајќи ги огласувачите „во темнина" за тоа кои реклами да ги таргетираат. Огласувачите реагираа со намалување на трошоците за Снеп, Фејсбук, Твитер и Јутјуб и пренасочување на нивните буџети на друго место, особено на корисниците на телефони со Андроид и на растечкиот бизнис за рекламирање на Епл.
Извршната директорка на Фејсбук, Шерил Сандберг истакна дека промените на Ајфон значат „намалена точност на таргетирање на рекламите, што ги зголеми трошоците за постигнување резултати за огласувачите".
Лотам, рекламна технолошка компанија процени дека четирите технолошки платформи изгубиле 12 отсто од приходите во третиот и четвртиот квартал, или околу 9,85 милијарди долари заедно, само за дигитално рекламирање. Снеп помина најлошо во проценти од својот бизнис поради фокусирањето на паметните телефони, додека Фејсбук изгуби најмногу во апсолутна вредност поради големината.
Извршниот директор на Лотам, Мајк Вусли, истакна дека огласувачите сега треба да платат повеќе за да ги добијат истите резултати за пазарот на Ајфон. Тој, исто така, даде пример за примерок од таргетирани илјадници корисници по цена за реклама од пет долари.
– На пример, ако продавате машка облека, сега треба да таргетирате две илјади луѓе на почетокот за да добиете илјада мажи, водени од претпоставениот просек, бидејќи алгоритмот повеќе не ви кажува кој е маж, а кој е жена. Тоа значи дека трошоците за скрининг ќе ви се удвојат и дека изгубениот принос е 50 проценти, истакна Вузли за Фајненшл тајмс.
Од споменатите компании најголема загуба ќе има Фејсбук.