„Епл“ воведува нова функција кај својот паметен часовник „Воч“ (Watch) – известување и дојава до надлежните за сообраќајни несреќи. Ова го објави „Даблју-ес-џеј“, повикувајќи се на извор од компанијата.

Уште во серијата 4, беше додадена можноста – при несекојдневен пад на корисникот, уредот автоматски сам да ги повика итните служби. Сега „Епл“ сака да создаде слична функција за сообраќајни несреќи.

Новата функција може да се појави веќе во 2022 година, кога ќе биде претставена следната генерација паметни часовници.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2021 12:58