Поранешната глумица Брижит Бардо, која пред две години жителите на Реунион (француски остров во Индискиот Океан) – ги нарече „домородци дивјаци“, беше осудена на казна од 20.000 евра за јавна навреда, пренесоа француските медиуми.

Некогашната филмска ѕвезда, која денес е посветена на борбата за заштита на животните и заколнат вегетаријанец, испрати отворено писмо до властите во Реунион во март 2019 година, каде се наведува дека „примила еден куп писма“ во кои се осудува варварството на жителите над животните. Таа притоа напишала дека жителите на Реунион биле „домородни луѓе кои ги зачувале гените на дивјаците“ споредувајќи ги со „Ѓаволскиот остров со дегенерирано население кое ги зачувало варварските традиции и корени“.

Бардо подоцна се извини, оправдувајќи го својот гнев со, како што таа смета – трагичната судбина на животните на островот.

Глумицата, ѕвезда на француската кинематографија во 1960-тите, се пензионираше во 1973., а потоа целосно се ѝ посвети на борбата за правата на животните. Позната е по тоа што често не бира зборови во изјавите околу општествените настани, особено односот кон животните, таа секогаш привлекува големо медиумско внимание во Франција.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2021 11:25