Потребни се 150 единици антитела за да се спречи зaболување со првичниот сој на Ковид-19 кај човекот. Односно, за да може имунолошкиот систем да ги надмине мутациите на вирусот – на пример Делта-сојот, бројот на антитела треба да биде најмалку еден и пол пати повеќе, смета рускиот доктор за заразни болести, Евгениј Тимаков.

Според тоа, нивоата од 500 и повеќе единици антитела обезбедуваат совршена заштита од сите видови и мутации на вирусот. Најагресивниот сој е Делта, но со над 300 единици антитела, едно лице може да се заштити од него. За претходните соеви на вирусот, како што е првичниот сој од Вухан, доволни се 150 антитела, посочуваат испитувањата.

Истажувањето е спроведено во Москва меѓу повеќе од 4.000 тестирани пациенти.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2021 13:03