Во Музејот на Македонската борба, во рамки на 22-то издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“, организирана од страна на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, денеска ќе биде промовирана монографијата на доц. др. Наташа Диденко со наслов „Октомвриски фестивали на народни песни и игри во Битола,Штип и Скопје(1047-1952)“.

Промотор и рецензент на книгата е професор др.Биљана Ристоска-Јосифовска од ЈНУ „Институт за национална историја“-Скопје.

– Оваа монографија произлегува од неколкугодишни истражувања и проучувања на темата и ги поткрепува заклучоците со обемна документација (необјавени и објавени архивски материјали), фотодокументација и придружна литература, истакна за својот најнов труд авторката Наташа Диденко.

Таа е автор и на монографијата „Развојот и дејноста на музичките културно-уметнички организации и манифестации во Македонија“, но се јавува и како автор на монографијата на ансамблот на народни песни и игри Орце Николов иманувана како „75 години повеќе од игра и песна“.

Диденко е автор и на поголем број научни трудови во домашни и странски списанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2021 10:17