Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс во изјава за Entertaiment Tonight ја откри тајната на неговиот среќен брак со глумицата Блејк Лајвли.
– Ние не се сфаќаме премногу сериозно, а сме и вистински пријатели. Заљубувањето е кул, но дали навистина си се допаѓате? Знаете, тоа прашање треба да си го поставите на самиот почеток на врската. “, изјави актерот.
Лајвли и Рејнолдс се венчаа во 2012 година и имаат три ќерки. Нивната врска се смета за една од најсилните и најстабилните во Холивуд. Печатот со задоволство ги следи социјалните мрежи на сопружниците, бидејќи таму тие често се шегуваат едни со други и пишуваат забавни коментари.
Рејнолдс неодамна објави дека ќе паузира од снимањето. „Сакам да го поминам ова време со моите деца, бидејќи наскоро тие ќе станат тинејџери и ќе ме мразат“, се пошегува ѕвездата.
Рајан моментално го промовира филмот „Red Notice“ во кој игра една од главните улоги. Во филмот тој е „вториот најбаран крадец на уметнички дела во светот“, кој е принуден да се здружи со агент на ФБИ (Двејн Џонсон) против крадецот број еден на скапите слики (Гал Гадот). Акционата комедија беше прикажана во ограничен број кина во САД на 5 ноември. Филмот денеска ќе се појави и на Нетфликс.