Гитара на Ерик Клептон, текст рачно напишан од Курт Кобејн и јакна на Витни Хјустон ќе бидат меѓу предметите на наддавањето во аукциската куќа „Џулен’с“ во Њујорк.
Пред продажбата закажана за 19. и 20 ноември, аукционерите претставија околу 1.000 предмети што им припаѓале на „Битлс“, „Ју-2“, „Лед цепелин“, Елвис Присли, „Ролинг Стоунс“, Боб Марли… Најголемата атракција, сепак, е акустичната гитара на Клептон, која се проценува на 300.000 до 500.000 долари.
Се предвидува дека ќе има интерес и за листовите со стиховите на покојниот Кобејн – водач на групата „Нирвана“.
„Џулиен’с“ лани, за шест милиони долари, ја продаде гитарата со којашто Кобејн го отсвире познатиот концерт „Unplugged“ во 1993 година, нецели шест месеци пред да се самоубие на 5 април 1994 година.