Тетовската полиција лишила од слобода двајца жители на Долно Палчиште кои во Брвеница нападнале жител на Селце-Кеч. Според пријавата еден од напаѓачите употребил и дрвен предмет.

-Во 15 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Л. Л. (63) и С. Л. (30) од тетовско Горно Палчиште, кои околу 13 часот во тетовска Брвеница физички го нападнале 40-годишниот И. С. од тетовско Селце-Кеч, а поради меѓусебни недоразбирања. Едниот од напаѓачите, според пријавеното, употребил и дрвен предмет, кој подоцна е пронајден и одземен. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против двајцата пријавени ќе следуваат соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на вчерашниот ден полицијата бележи уште една пријава за физички напад, а случајот се расчистува. Во 13 часот, С.М.(50) од тетовски Чифлик пријавил дека пред угостителски објект во селото физички бил нападнат од Л.С.(28) од истото село.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2021 15:31