Македонскиот претставник во ЕХФ Лига Европа, тимот на Еурофарм Пелистер, утревечер во Битола го пречекува унгарскиот тим Татабања во ра,ките на 4. коло.
Своите очекува за овој меч ги искажа Гоце Ојлески.
– Добро се познаваме со тимот на Татабања. Со доаѓањето на Ѓукиќ на тренерското место, играат подобро. Нема да ни биде лесно. Очекувам цврст натпревар со многу жестоки дуели. По триумфот на гости кај АЕК во Грција, веруваме во успех и на утрешниот меч. Формата ни е во нагорна линија, истакна Ојлески.
Средбата ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“, билетите се продаваат по цена од 250 денари.
Клубот во соработка со Златен даб, пред натпреварот во подтрибинскиот простор на салата организира фан-зона која ќе содржи детско катче, анимација и наградна игра за најмладите загревање за натпреварот со пиво и навивачки песни, продажба на клупски обележја, навивачки реквизити и сувенири со клупското лого по рекламни цени, како и промоција на првото издание на клупскиот магазин на РК Еурофарм Пелистер (бесплатно издание).