Американскиот глумец Кијану Ривс во интервју за „Есквајер“ (Esquire) откри дека, можеби, сѐ уште е во брак со глумицата Винона Рајдер. Барем во Романија…

– Ја изведовме целата свадбена свеченост – со вистински свештеник. Винона вели дека сме во брак. И Френсис Форд Копола вели дека е така. Па, претпоставувам дека сме венчани пред Бога!, изјави Ривс (57).

Имено, пред неколку години, актерката ги изненади обожавателите кога изјави дека таа и Ривс можеби случајно се венчале додека го снимале филмот „Дракула“ од 1992 година, во режија на Френсис Форд Копола.

– Навистина се венчавме во „Дракула“. Не… Се колнам во Бога, мислам дека вистински се венчавме во животот. Во таа сцена, Френсис користеше вистински свештеник, Романец. Така, мислам дека – сме в брак!, изјави Винона Рајдер за „Ентертејнмент викли“ (Entertainment Weekly) во август 2018 година.

Повремено потоа, раскажува „сопругот“, таа му велела: Здраво, мажу. – Не ѝ верував баш, но потоа Френсис Форд Копола, директорот на „Дракула“, јавно рече: „Да, навистина се случи, свештеникот ја изврши вистинската церемонија“… Значи, изгледа дека се оженив со Винона, вели Кијану.

Копола ги потврди наводите дека „свештеникот извршил прилично автентична венчавка“. – Значи, на некој начин, кога го завршивме снимањето, сфативме дека Кијану и Винона навистина се венчаа на снимањето на оваа сцена, рече режисерот во август 2018 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2021 12:49