Иако има од 30 до 40 прегледи во амбулантата на Ковид центарот во тетовската болница овие неколку дена нема ниту еден човек на болничко лекување и ниеден нов прием на болно лице. Изминативе 24 часа имало 32 прегледи.

– Состојбата со Kовид-19 во Тетово е стабилна, немаме хоспитализирани пациенти. Бројот на амбулантски прегледи се движи помеѓу 30 до 40 пациенти секој ден, а за среќа немаме приеми. Апелираме до граѓаните сепак да продолжат со почитување на анти-ковид мерките и да се вакцинираат. Само со колективна имунизација ќе може да го спречиме понатамошното ширење на вирусот и да спречиме зараза од новиот сој Ковид – Делта плус, кој за среќа се уште не е активен во нашата земја, изјави д-р Миранда Пајазити од Ковид Центар Тетово.

Во ноември 2020 Тетово имаше најмногу новозаболени, 1.632 лица, а само од 1 до 20 ноември имаше 56 смртни случаи.

Имунизацијата против Ковид-19, пак, моментов во Тетово се одвива само во Центарот за култура, додека преостанатите пунктови се затворени.

-Бројките се намалени во споредба од порано, се аплицираат до 300 дози прва, втора или трета вакцина што се должни на високиот процентот на над 54 отсто вакцинирани луѓе на подрачјето на Тетово кои примиле една или две дози, изјави Борислав Јоргаќиевски, директор на Здравствен дом Тетово.

За прва и трета доза вакцина против Ковид-19 има од производителот Фајзер.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2021 14:12