Поради прогласената тридневна жалост по тешката сообраќајна несреќа која се случи утринава, од Македонски народен театар (МНТ) соопштија дека премиерата и репризните изведби на претставата „Нема да биде крај на светот“ во режија на Нина Николиќ, кои беа закажани на 24, 25 и 26 ноември се откажуваат.

Новиот термин на премиерната изведба се закажува за сабота на 27 ноември, а репризните изведби кои беа закажани за 25 и 26 ноември се откажуваат. Средствата од билетите за овие изведби на публиката ќе и бидат рефундирани.

Од Македонски народен театар изразија длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2021 15:09