Ирена Стерјоска Локвенец е назначена за заменик-градоначалничка на Пирлеп. На Локвенец решението и го врачи прилепскиот градоначалник Борче Јовчески. Ирена Стерјоска Локвенец ќе го заменува градоначалникот кога е тој спречен или е отсутен.

Новата локална власт почна и со промена на директорите во училиштата. Нови директори добија четири прилепски основни училишта. Нов директор на основното училиште „Гоце Делчев" е Снежана Котева, со училиштето "Добре Јованоски" ќе раководи Панде Николоска, нов раководител на основното училиште „Рампо Левката" е Жарко Бабаноски, а на училиштето „Круме Волнароски" во населеното место во Тополчани е назначен Дејан Бунтески.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2021 15:24