Ракометарите на Еурофарм Пелистер и унгарска Татабања вечерашниот натпревар го почнаа со минута молк и почит за трагично загинатите македонски граѓани во сообраќајната несреќа што се случи во Бугарија.
Спортската јавност во Битола потоа ја поздрави втората убедлива победа на РК Еурофарм Пелистер над Татабања со резултат 33:20. Домашниот тим доминираше во текот на целиот натпревар, првото полувреме го заврши со птедност од 8 голови (17:9), а во вториот дел во 42 минута предноста беше изразена со 15 голови разлика (26:11) во корист на македонскиот претставник во Лига Европа.
На крајот, спортски, гостинските ракометари честитаа за победата, а домаќините со долготраен аплауз беа наградени за ефикасната и впечатлива ракометна претстава.
Најефикасни кај битолчани беа Табоа и Мараш со по 6 постигнати голови, додека кај гостите Хорњак постигна 5 голови вклучувајќи го и неговиот еврогол во 51 минута кој публиката во Битола го награди со аплауз