Во Кинотеката на Македонија оваа седмица во организација на Српскиот културно-информативен центар СПОНА, ќе бидат прикажани два долгометражни филмови на Горан Радовановиќ, “Случајот Макавеев или процес во кино сала“ и “Чекајќи го Хандке“ со присуство на авторот на споменатите дела.

СЛУЧАЈОТ МАКАВЕЕВ ИЛИ ПРОЦЕС ВО КИНО САЛА 26.НОЕМВРИ 18:00 ч.

Проекцијата на филмот “Случајот Макавеев или процес во кино сала“ ќе биде прикажан на 26.ноември со почеток од 18 часот.

Режија: Горан Радовановиќ, Сценарио: Горан Радовановиќ, Борис Трбиќ Учествуваат: Илија Башиќ, Милена Дравиќ, Светозар Цветковиќ, Желимир Жилник. Документарецот на Радовановиќ можеби го осветлува најекстремниот случај на политичка цензура во поранешна Југославија, судскиот процес за филмот В.Р. МИСТЕРИЈА НА ОРГА(НИ)ЗМОТ, од режисерот Душан Макавеев од 1971. година. Овој филм на Макавеев подигна голема прашина во политичките кругови во тогашна Југославија и постоеја обиди да биде забранет по секоја цена, сметајќи го за врв на т.н “црн бран“ во југословенската кинематографија. Макавеев како инспирација за филмот го користеше ликот и делото на германскиот психијатар и сексолог Вилхелм Рајх, кој по емиграцијата во САД пред налетот на нацистичкиот режим станува еден од најконтроверзните личности во јавноста , вистински „трн во око“ на конзервативците, како човек кој го расипува американскито морал. Било организирано необично „судење“, еден вид на собир на голем број тогашни самоуправувачи во кино салата „Арена“ во Нови Сад каде филмот бил напаѓан дека ја искривува социјалистичката реалност во Југославија (истовремено, светската критика го издигнува филмот на Макевеев како најкомунистички филм во тој период). На пултот се ределе говорници од разни социјални профили од работници до режисери интелектуалци со осуди кон авоторот, а само неколкумина говорници ја бранеле слободата на авторот.

Еден од соработниците на Макавеев тајно го снимал целиот собир со скриен микрофон во раката, а од четири снимени ленти од овој настан Радовановиќ потоа го реконструира политичкиот процес кон Макавеев, по кој режисерот ќе емигрира од Југославија и следните неколку филмови ќе ги сними во Европа, САД, Австралија...

Во филмот на Радовановиќ учествуваат преживеани актери и негови соработници од ексјугословенските филмови, а неговиот говор на судењето го интерпретира Светозар Цветковиќ, еден до неговите омилени актери.

Филмот беше награден на белоградскиот ФЕСТ како најдобар домашен филм и ја одби наградата од критиката. Освои и награди на Фестивалот на историски филмови во Хрватска и на Филмскиот фестивал во Тајван.

ЧЕКАЈЌИ ГО ХАНДКЕ 26.НОЕМВРИ 20:00 ч.

Режија: ГоранРадовановиќ, сценарио: ГоранРадовановиќ, БорисТрбиќ

Најновиотдокументарец наГоранаРадовановиќ кој светската прмееира ја имаше на Интернационалниотфилмскифестивал во СанктПетербург, Русија, на почетокот од ноември го следи винарот Срѓан Петровиќ од Велика Хоча на Косово и Метохија. Откако Петровиќ слушнал дека австрискито писател со адреса во париз Петер Хандке (Peter Handke) ја добилНобеловата награда за книжевност во 2019 година, добива инспирација да стави плоча со ликот на пситаелот на ѕидот на неговата винарија. Хандке неколку пати ја има посетено и престојувал во таа винарија, а поставувањето на спомен-плоча како знак на благодарнсот кон овој псиател во изолираната и гетоизирана српска енклава на Косово и Метохија станува сизифовски подвиг кој ја открива животната драма на преостанатото српско население.

Авторот Радовановиќ вели дека престојот на Хандке во српските енклави на Косово и Метохија имал големо влијание да го сними неговито филм ЕНКЛАВА (српски кандидат за Оскар во 2016 година). За разлика од претходниот документарец – “Случајот Макавеев или процес во кино сала“, во кој доминираат аудио записи, приказната “Чекајќи го Хандке“ почива исклучиво на слики.

Петер Хандке (1942) има германско и словенечко потекло, растел во Источен Берлин, студирал во Грац и неговата проза од 70-тите години на минатиот век е дел од новито бран на германската книжевност и филм.

Режисерот Вим Вендерс во раната фаза на неговата кариера ги има снимено филмовите СТРАВ НА ГОЛМАНИТЕ ОД ПЕНАЛ (Die Angst des Tormanns beim Elfmeter / The Goalie’s Anxiety at the Penalty Kick, 1972) и АМЕРИКАНСКИ ПРИЈАТЕЛ (Der amerikanische Freund / The American Friend, 1977) – според романите на Хандке, како и ремек-делата НЕБОТО НАД БЕРЛИН (Der Himmel über Berlin / Wings of Desire, 1987) – според сценарио на Хандкеа.

Писателот во 1977 го режираше филмот ЛЕВОРАКА ЖЕНА (Die linkshändige Frau / The Left-Handed Woman) според неговиот истоимен роман. Во годините на распад на Југославија, за разлика од мнозинството западноевропски и американски интелектуалци и писатели, Хандке ги поддржуваше Србите и режимот на Милошевиќ – и го негираше геноцидот над муслиманското население во Босна и Херцеговина. Тие негови ставови четврт век подоцна, кога тој ја доби Нобеловата награда предизвикаа бојкот во поголемиот дел од балканските земји.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2021 02:32