Во Општина Карбинци почна чистењето на најголемата депонија на нејзина територија. Десетици тони ѓубре, градежен шут ќе завршат под земја. Отстранувањето на депонијата била една од ветувањето на градоначалникот, Виктор Паунов. Забележува дека депонијата била една од најголемите еколошки проблеми во општината.

-Почнуваме со уредување на депонијата во непосредба близина на селото Карбинци. Ова е прва фаза, што ја ветивме. Треба да ги уредиме се до следната фаза, кога ќе донесеме одлука за дислокација на овие депонии, вели Паунов.

Во оваа мала општина има и голем број на мали диви депонии, кои тревба веднаш да се уредат, а најголеми проблеми по животната средина прават токму депонии кај селата Карбинци, Таринци и Аргулица.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2021 13:57