Можност за збратимување на Прилеп со град од Московскиот регион и отвореност за соработка, беше нагласено на денешната средба на прилепскиот градоначалник Борче Јовчески со амбасадорот на Руската Федерација во нашава земја, Сергеј Баздникин. На средбата се разговараше за унапредување на соработката меѓу Прилеп и Руската Федерација како значаен партнер на нашата држава.

– Изразивме взаемна желба за продлабочување на добрата соработка меѓу Прилеп и амбасадата на Руската Федерација, преку размена на позитивни искуства и добри практики во повеќе сфери на општествениот живот. Воедно, се надевам дека ќе ја реализираме идејата која пред десетина години ја започнавме за збратимување на Прилеп со град од Русија. Денеска добивме и понуда како предлог од Амбасадорот дека со еден град од московскиот регион наскоро ќе бидеме збратимени. Тоа беше и еден од проектите кои тежнееме да го реализираме благодарение и на Руско – македонското друштво од Прилеп, изјави Јовчески.

Амбасадорот Баздникин потврди дека односите на двете земји се на високо ниво и дека постојат отворени можности за соработка во областа на културата, туризмот и во економијата.

-Ние сме целосно отворени за соработка во сите области кои се од интерес за граѓаните на Прилеп. Убеден сум дека тоа ќе биде голем придонес за подобрување на животите на граѓаните, изјави рускиот амбасадор, Сергеј Баздникин.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2021 13:59