Објавена е листата номинирани за наградите „Греми“ за американската музичка индустрија. Најголем број номинации освои Џон Батист – вкупно 11, а меѓу нив се оние за песна на годината („Freedom“) и најдобар албум („We are“). По него, следат Џастин Бибер, Доџа Кат и „Х.Е.Р.“ со по осум номинации. Били Ајлиш и Оливија Родриго добија по седум номинации.

За најдобра песна, номинирани се и: „I Still Have Faith In You“ („АББА“), „I Get A Kick Out Of You“ (Тони Бенет и Лејди Гага), „Peaches“ (Џастин Бибер, Даниел Кајзар и Гивеон), „Right On Time“ (Бренди Карли), „Kiss Me More“ (Доџа Кет и СЗА), „Happier Than Ever“ (Били Ајлиш), „Montero“ (Лил Нас Екс), „drivers license“ (Оливија Родриго) и „Leave The Door Open“ („Силк соник“).

На годинешното доделување на наградите доминираа Тејлор Свифт и Били Ајлиш, а Бијонсе стана најнаградуваната изведувачка во историјата на овие американски награди. Наредната свеченост е закажана за 31 јануари 2022 година, а ќе се одржи во Лос Анџелес. Тоа ќе биде 64-то доделување.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2021 13:28