Многу луѓе го надминаа социјалното растојание поради пандемијата на коронавирусот, па ги напуштија градовите. Така, следниот чекор во слични ситуации може да биде футуристички „подвижен дом“.
Луѓето последниве две години, како никогаш досега, се свртеа кон работа од дома или од пооддалечени места. А, и ограничувањата за патувања станаа поостри, па така, голем дел од светското население остана „заробено“ дома. Инспириран од сѐ тоа, бугарскиот 3-Д дизајнер Енчо Енчев создаде свој концептот на роботизирана подвижна куќа што би можела да се поместува на различни терени со помош на шест механички ногарки.
Дизајнерот, вели, сфатил дека луѓето честопати сакаат да ги напуштат градовите и да се населат во поретко населено место в природа, но притоа им недостига удобноста на домот.
Функционалноста и практичноста на куќата се клучни во замислата. Бугаринот се осврнал и на други важни прашања како што се тежината и енергијата, така што неговиот подвижен дом би се напојувал со електрични мотори, но и помошен дизел-генератор.
Внатрешноста е замислена така што ќе содржи високотехнолошки елементи, па на пр. прозорците во „паметен стил“ да ја блокираат сончевата светлина кога тоа е потребно. Енчев предвидува и мебел и друга паметна технологија, простор за склад, резервоари за вода и енергетски ќелии за жителите да можат да престојуваат удобно без електрична мрежа.
Подвижниот дом засега е само концепт и замисла, но еден ден би можел да стане и реалност.