Интуицијата ни кажува дека пластичен штит помеѓу двајца луѓе би требало да штити од бактерии, како и од Ковид-19. Но, научниците кои ги проучуваат аеросолите, движењето на воздухот и вентилацијата велат дека таквите бариери само даваат лажно чувство на сигурност. А, понекогаш тие можат да ги влошат работите.

Истражувањата покажуваат дека во некои случаи, бариерите кои, на пример, ги штитат вработените во супермаркетите од клиенти, лесно можат да го пренасочат вирусот кон други работници или клиенти. Редовите проѕирни бариери, кои можете да ги видите и во училниците и на педикир, може да ги спречат промените на воздухот и да влијаат на вентилацијата.

Во нормални околности, во продавниците, училниците и канцелариите, честичките од здивот се шират, носени од протокот на воздух и, во зависност од системот за вентилација, се менуваат со свеж воздух на секои петнаесет до триесет минути. Но, пластичните бариери можат да создадат „мртви зони“ во кои се акумулираат вирусни аеросоли.

„Доколку во една канцеларија постои цела шума од бариери, се разбира дека тоа ќе влијае на вентилацијата“, вели Линзи Мар, професорка во Вирџинија и еден од најголемите светски експерти за пренос на вируси. „Аеросолите на сите ќе останат заглавени и ќе се интензивираат, па ќе се шират на друго место, а не само на едно биро“.

Има ситуации кога проѕирните штитови можат да бидат добри, но тоа зависи од мноштво варијабили. Тие, на пример, можат да спречат големи капки да паднат врз некого како резултат на кашлање или кивање, поради што, на пример, бифеите и другите продавници за храна често имаат проѕирни бариери над храната. Но, Ковид-19 првенствено се шири преку невидливи честички.

За подобро да разбереме зошто бариерите имаат толку мал ефект врз заштитата на луѓето, помага секој здив да се замисли како чад од цигари, вели д-р Линзи Мар.

„Чадот едноставно ги обиколува, така што личноста зад таа бариера ќе има неколку моменти пред да стигне до неа, вели професорката Мар.

„Истовремено, луѓето кои се на иста страна со пушачот ќе бидат изложени на повеќе чад, бидејќи бариерите го чуваат додека не добие шанса да се меша со воздухот“.

Многу истражувачи велат дека постојат одредени ситуации во кои бариерите помагаат. Возач на автобус, на пример, кој е одделен од патниците со бариера од покривот до подот, сигурно ќе вдишува помалку честички од патниците. Истото важи и за вработен во банка или работници кои ќе ви ги земат книшките кога одите на лекар.

Потребни се уште некои истражувања за точно да се знае колкаво влијание имаат проѕирните штитови во училиштата и канцелариите, но експертите за аеросоли се согласуваат дека тие веројатно не помагаат и дека можат негативно да влијаат на воздухот во просторијата. Пластичните штитови може да доведат и до акумулација на вирусни честички.

Научниците додаваат дека училиштата и компаниите треба да се фокусираат на промовирање на вакцинацијата, но и на подобрување на вентилацијата, со додавање на машини за филтрирање на воздухот ХЕПА и носење маски.

Проблемот е што повеќето луѓе задолжени за подигнување на бариерите во канцелариите, рестораните, трговските центри, салоните за убавина или училиштата го прават тоа сами, без да ги земат предвид ставовите на инженерите, кои би можеле да проценат колку тоа влијае на воздухот и вентилација.

Луѓето не треба да паничат кога ќе видат проѕирни бариери, но не треба да мислат дека се семоќни. Работниците и студентите кои имаат бариери околу нив треба да продолжат да носат маски, објаснува Ричард Корси, декан на Одделот за инженерство на Универзитетот во Калифорнија, Дејвис.

„Протокот на воздух во една просторија е доста комплициран“, вели д-р Корзи. „Секоја соба е различна затоа што треба да се земе предвид распоредот на мебелот, висината на ѕидовите и таванот, вентилацијата, па дури и каде се полиците со книги. Сето ова има големо влијание врз движењето на воздухот“.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2021 13:47