Ракометарите на Еурофарм Пелистер отпатуваа за Лисабон каде утревечер ќе ги одмерат силите со португалскиот претставник во ЕХФ Лига Европа, Спортинг.

Според битолските ракометари, домаќинот е фаворит но желбата да се продолжи победничката серија е поголема од респектот кон Спортинг.

-Мислам дека имаме шанса и ако го исполниме договореното имаме шанса за еден или два бода. Победивме против АЕК и Татабања, но би го спомнал и многу важниот бод од Швајцарија, каде игравме лошо прво полувреме и на крајот успеавме да се вратиме со еден бод. Сега тој бод е многу важен. Ниту еден натпревар не се препушта на случајот и како и досега ќе играме на победа. Пред две сезони игравме против Спортинг, клуб со одлична екипа, но во нашите редови оптимизмот е на високо ниво, изјави Елмир Граџан,ракометар на Еурофарм Пелистер.

Натпреварот меѓу Спортинг и Еурофарм Пелистер во Лисабон е закажан за утревечер од 20:45 часот, а ќе го судат словачките арбитри Михал Бадура и Јарослав Ондогрекула.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2021 14:15