Водата од изворите во селото Крушје, од која се снабдува со вода градот денеска е забранета за користење, соопшти Јавното комунално претпријатие „Пролетер“ од Ресен.

Ваквата одлука, како што е наведено, е поради интервенција на водоводната мрежа.

– Сите корисници на вода од изворите во село Крушје, населените места на потегот од селото до Ресен, вклучувајќи го и градското подрачје, да не ја користат водата за пиење поради интервенција на водоводната мрежа, стои во информацијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2021 15:04